24-годишниот кларинетист добил точно 266.500 долари оштета, откако неговата, сега поранешна девојка му ја саботирала музичката кариера, така што му го избришала е маилот кој му нудел место во училиштето од неговите соништа, а потоа му пратила лажен е маил во кој пишувало дека е одбиен.
Мотивот сѐ уште не е јасен, но најверојатно Џенифер Ли или не сакала да се раздели од Ерик Абрамовиц или пак била љубоморна на него, затоа што и самата одела во истата образовна установа како флејтист, но ја напуштила од непознати причини.
Во 2014 година, Ерик Абрамовиц имал 20 години и бил во врска со Џенифер Ли и двајцата студирале музика на Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада. Таа штотуку се префрлила од Колумбуршкиот конзерваториум за музика во Лос Анџелес, една од најпрестижните музички програми во земјата. Бидејќи таа често зборувала за конзерваториумот, а Ерик одамна имал желба да студира таму, решил да аплицира, а Џенифер му дала „благослов“.
Но кога го прифатиле, тој требал да добие целосна стипендија, студентска соба и карта до Лос Анџелес. Но, Џенифер прва го видела е маилот и во име на Ерик им вратила дека тој ќе оди на „дуго место“. Потоа ја избришала кореспонденцијата и направила лажен е маил со името на маестро Јехуда Гилад и му пишала на Ерик дека е одбиен.
„Се чувствував ужасно. А таа беше до мене и ме тешеше. Изгледаше навистина вознемирено. Не знам како луѓето можат да направат такво нешто.“, изјавил Ерик. Шест месеци подоцна Џенифер и Ерик раскинале. Кларинетистот дознал за измамата дури во 2016 година, кога по дипломирањето се обидел повторно да аплицира во Колумбуршкиот конзерваториум.
Кога повторно влегол да настапува пред Гилад, тој го прашал „Зошто си тука кога веќе еднаш ме одби?“, на што збунетиот Ерик му одговорил дека всушност тој е оној кој што е одбиен и дебатата продолжила додека да сфати што навистина се случило.
Судот одлучил дека Џенифер уназадила кариерата на Абрамовиц за две години и дека тој ја пропуштил можноста да заработи околу 150.000 долари во оркестар. Сега Ерик има нова девојка за која вели дека е „прекрасна и нормална“.