Јапонски вселенски летала откриле кислород од Земјата на Месечината. Научниците веруваат дека можеби ќе можат да најдат дополнителни примероци од кислород од пред милијарди години, што би можело да одговори на прашања поврзани со древната атмосфера на нашата планета.
Откритието било направено од вселенското летало SELENE (Kaguya), а тим предводен од планетарниот научник Кентаро Терада од Универзитетот Осака во Јапонија ги објави резултатите во Nature Astronomy. Околу пет дена секој месец, Месечината е заштитена од сончевите ветрови на Сонцето од страна на магнетосферата на Земјата – област слична на меурот во која магнетното поле на Земјата има значително влијание. Истражувачите веруваат дека кислородните јони полека се движат од Земјата кон Месечината за време на овој краток одмор и остануваат во горниот слој на карпите и почвата на Месечината.
Геолошката активност на Земјата ги избришала доказите за нашата древна атмосфера. Сепак, овие кислородни јони на Месечината можеби се таму милијарди години. Затоа, собирањето на примероци од овој воздух може да ни помогне да откриеме како се развивала атмосферата на Земјата и како тоа влијаело врз еволуцијата на различни форми на живот.
Покрај тоа што ни помагаат да го разбереме минатото на Земјата, таквото истражување би можело да ни помогне во напорите да го колонизираме просторот на Месечината. Јапонија има за цел да однесе уште еден астронаут на Месечината до 2030 година, извршниот директор на Амазон, Џеф Безос смета дека е време за нас трајно да се населиме таму, а Обединетите Арапски Емирати имаат свои планови за колонија на Месечината.
Пензионираниот астронаут Крис Хадфилд смета дека колонизирањето на Месечината е најлогичниот следен чекор: „ Мислам дека ако ја следиме историски управуваната шема, тогаш Месечината ќе биде прва [пред Марс]. Не само за да потврдиме дека можеме да стигнеме до таму, туку да покажеме дека можеме да живееме таму.“
Ние нема да знаеме дали за неколку години Месечината ќе стане нашиот нов дом, но без оглед на плановите за колонизација на човештвото, вистината е дека ние се уште не сме го запознале нашиот природен сателит.