Кипарскиот свештеник Неофитос Масурас во основното училиште во Акаки, Никозија, изјави дека хомосексуалноста се пренесува кога бремените жени уживаат со сексуалниот чин.
„Тоа се случува за време интимните односи меѓу родителите или за време на бременоста. Станува збор за абнормален сексуален чин меѓу родителите. Да бидам појасен, за време на анален секс. Св. Порфириј вели дека кога жената ужива во истиот, се раѓа желба која му се пренесува подоцна на детето“- изјави Неофитос.
Неговите коментари настанале за време на една од духовните конвенции кои ги организира кипарската црква.
Сите присутни, возрасни и деца кои присуствуваат на настанот може да му постават прашање на епископот.
Снимките кои настанале во Јуни, се проширија со брзина на светлината, откако кипарската ЛГБТ заедница го објави видеото, а притоа во описот напиша: „Како се создаваат лезбејките?“
Покрај бројните осудувања, се јавија и низа урнебесни реакции, при што еден корисник напиша: „Значи оче, доколку жената практикува орален секс дали тоа значи дека детето ќе стане стоматолог?“
Кипар ја декриминализираше хомосексуалноста во 1998-та година.
Изјавата на кипарскиот бископ може да ја погледнете подолу: