Две работи ја направија Кина најголема економија во светот: Тоа што се трудољубиви и тоа што брзо учат. Веднаш виделе каде одат работите со електричните автомобили и си направија свој.
Ако не ви кажевме веројатно немаше ни да претпоставите дека ова е кинески производ. Брендот е „NIO“, а фотографиите и видеото се од салонот на компанијата во центарот на Пекинг.
Во салонот има два автомобила. Првиот – спортски, вториот – семеен кросовер. Автомобилите имаат современ дизајн кој може да се натпреварува со западните брендови.
NIO EP9 тежи 1735 кг и има 1360 КС.
Од 0 до 100 забрзува за 2,7 секунди, до 200 км/ч за 7,1 секунда и до 300 км/ч за 15,9 секунди.
Растојанието од 1/4 милја го поминува за 10,1 секунда.
Брзината на електричниот автомобил е ограничена на 313 км/ч, но како што вели производителот, тие се фокусирале на рационално трошење на батериите.
Со едно полнење автомобилот поминува 427 км, а се полни за само 45 минути.