Кина долго време страдаше од најлошиот смог во светот. Сега, владата сака да направи нешто во врска со тоа. Заедно со другите обиди да се исчисти животната средина, властите потрошија 2 милиони долари за прототипен систем за филтрирање кој би можел да помогне во решавањето на проблемот.
Оџакот од 18,2 метри, изграден во градот Ксиан, користи сончева светлина за филтрирање на штетни честички и емитува чист воздух. Оџакот лежи над голема отворена структура. Стаклената површина на покривот се загрева со сончево зрачење, кое го загрева воздухот и предизвикува да се крене кон основата на кулата. Од таму, воздухот се изведува преку неколку индустриски филтри, пред да биде ослободен преку врвот на оџакот.
Предводникот на проектот Као Јунји ги извршил првите тестови на структурата во јануари 2018 година, бидејќи загадувањето е најголемо во текот на зимските месеци. Опремата која е способна да го мери присуството на честички под 2,5 микрометри во дијаметар била ставена на кулата и уште десет станици на површина од 10 квадратни километри.
Овие резултати сѐ уште не се објавени и не се подложени на рецензија, но прелиминарните извештаи одредуваат дека оџакот емитира помеѓу 5 и 8 милиони кубни метри филтриран воздух секој ден. Во близина на местото за набљудување биле забележани 19 проценти помалку честички во споредба со другите делови од градот.
Сѐ уште има сомневања за економичноста на проектот. Као сугерира дека низи од околу дузина кули можеби ќе бидат неопходни за справување со смогот во урбаните центри, што може да биде премногу скапо. Според извештајот, Као, исто така, тврди дека тековните трошоци за пилот-програмата ќе изнесуваат 30.000 долари годишно.
Освен тоа, поголемото прашање што се поставува е дали влијанието врз животната средина за изградба на овие структури би ги надминало нивните придобивки.