Кина е позната по нејзините неверојатни проекти, кои наликуваат на утопија, а ова е само уште еден од нив. Тие планираат изградба на „Град-шума“ кој ќе биде самоодржлив и ќе нема загадување, а во исто време ќе изгледа како рај на земјата.
Во февруари, италијанската архитектонска агенција „Стефано Боери Архитекти“ (СБА) објави дека планирала да изгради две кули обвиткани со растенија во кинескиот град Нанџинг. Врз основа на претходната верзија во Милано, оваа погодна „вертикална шума“ е дизајнирана да растера смог, да апсорбира јаглероден диоксид и да произведе чист кислород со што ќе помогне да се исчисти прилично мрачното небо над оваа голема метропола.
Сега СБА го преставија својот план за изградба на град во близина на Лиужу во Кина, проект нарачан од владата на Кина. Според планот градот ќе ги има сите модерни карактеристики но и самоодржливост со геотермичка енергија за внатрешна клима и соларни панели над покривите за да се добие обновлива енергија.
Во градот ќе има 1 милион растенија (од 100 различни видови) и 40.000 дрвја. Тие тврдат дека ќе можат да апсорбираат околу 10.000 тони јаглерод диоксид и маси на загадувачки аеросоли на годишно ниво.Во градот ќе можат да живеат околу 30.000 луѓе и истиот ќе биде завршен до 2020 година.
„Новиот зелен град, ќе биде поврзан со Лиужу преку брза железничка линија и електрични автомобили и ќе има доволно стамбени објекти, комерцијални и рекреативни простори, две училишта и болница.”, изјавиле од СБА.