Работниците од кинеската компанија биле принудени да ползат на улица откако не успеале да ги постигнат своите годишни цели, предизвикувајќи многу негативни коментари за начинот на работа на шефовите и директорите во Кина.
Персоналот бил на сите четири и се движел низ прометните улици на градот Тенгжоу. Граѓаните биле шокирани од глетката.
Жените работат во компанија за продажба на производи за убавина, а напред со црвено знаме ги водел нивниот шеф, на кое што стоело името на фирмата. Двајца други вработени ја снимале „казната“.
Наскоро била повикана полиција која вербално го предупредила шефот да престане со казната, затоа што ќе биде уапсен. Тогаш вработените жени станале и си заминале од улицата. Ова не е прв пат шефовите од Кина да применуваат понижувачки казни за своите вработени.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!