Изграден на карпа на височина од 75 метри во близина на Датонг, Кина, се наоѓа манастир стар 1500 години кој е жив пример за градителско чудо и архитектонска убавина. Речиси половина од градбата се крепи на долги столбови кои се протегаат до карпите подолу. Покрај тоа што манастирот бил добро одржуван низ текот на вековите, неговото опстојување пред сѐ се должи на тоа што се наоѓа на повисоко ниво и на тој начин бил заштитен од поплави и временските услови. Повеќето од собите во манастирот се изградени нанадвор.
Од неколкуте простории кои се ископани во карпата, една е особено уникатна бидејќи содржи претстави на три божества од околниот регион. Поради ова, никој од тие народи не сакал да го уништи манастирот, бидејќи во него е застапена и неговата религија.
Покривите и внатрешните простории на храмот се богато украсени со религиозни слики и скулптури. Се раскажува дека изградбата на храмот ја започнал само еден монах кој ја поставил основата на тоа што подоцна прераснало во доста голема структура.
Далеку од својата некогашна намена, манастирот сега е голема туристичка атракција, при што структурата е подновена за да го издржи зголемениот проток на луѓе. Сепак, неверојатно е на што биле способни луѓето од тие времиња, имајќи ги предвид алатите и технолошкиот развој од тоа време во споредба со денешните.