Некои ги осудуваат љубовните триаголници, некои велат дека од многу глава не боли, но во овој кинески град очигледно е норма да се има по три девојки. Еден маж од градот Донггуан, кој се наоѓа во кинеската провинција Гуангдонг, дури изјавил дека би било „срамно да се има само една девојка“.
Ова се должи на огромната нерамнотежа во бројноста меѓу мажите и жените, како последица на тоа што локалните шефови во Донггуан – индустриски центар – ги претпочитаат жените како посигурна работна рака. Еден локален жител изјавил дека е полесно да се најде девојка отколку работа. „Јас имам три девојки и сите три знаат една за друга. Многу мои другари исто така имаат повеќе девојки. Тоа си е сосема нормална ситуација“, вели Шиао Лин.
„Насекаде има млади и убави девојки кои работат во фабриките. Многу е лесно и едноставно да се запознаеш со нив, тогаш зошто да не се има повеќе девојки? Би било срамно некој да има само една девојка, сите би му се смееле“, вели тој, додавајќи дека тоа е сосема нормална активност кога си млад.
Мажите тешко наоѓаат работа, и поради тоа не е редок случај жените да им помагаат. Ји, кој е невработен, вели: „Во Донггуан има многу жени, и тие не сакаат никакви пари. Сѐ што им треба е маж“.