Шангајските мажи на кои им е досадно да одат со нивните жени по продавниците сега можат да уживаат во „градинка за сопрузи“ кадешто ќе можат да се опуштат додека нивните жени купуваат. Изморените мажи сега ќе можат да си ги одморат нозете и да се опуштат во градинката на третиот кат во новоотврениот Ванке Мол во областа Минханг.

Таму ќе можат да гледаат телевизија, да ги разлистуваат најновите списанија и весници, да дремнат на една од фотелјите или дури и да добијат масажа. Сликите од просторијата покажуваат дека се работи за речиси празна, но сепак просторија со модерен дизајн. Ова решение на трговскиот центар наиде на одобрување кај некои, но други пак не се согласуваат многу со оваа идеја.

gr01 gr02 gr03 gr04

Сподели на Facebook
пати видено