Кинески фармер ја добил првата рунда од правната битка против моќна државна хемиска корпорација, откако минал шеснаесет години сам студирајќи го законот и правните односи и процедури. Ванг Енглин, кој е во неговите шеесетти, имал само три години формално образование и живее во својот скромен дом за кој троши само околу 6 евра месечно.

kn01

За разлика од тоа, групата Кингхуа има 5000 вработени во рудници и фабрики ширум Кина, обработувајќи и тргувајќи со минерали и заработувајќи од тоа околу 230 милиони евра годишно. Се тврди дека фирмата за првпат исфрлила хазарден отпад во близина на земјиштето на Ванг во 2001 година, со што го спречиле да ги одгледува своите посеви. Ванг вели дека играл карти и готвел со своите соседи вечерта спроти Кинеската година кога во неговата куќа протекла вода.

Од 2001 година, фирмата Кингхуа наводно испуштала од 15 000 до 20 000 тони хемиски отпад годишно од фабриката за поливинил хлорид која се наоѓа во близина на домот на Ванг. Со испуштањето на калциум карбид корпорацијата направила земјиште од 29 хектари да биде неупотребливо. Тој вели:

„Знаев дека имам право, но не го знаев законот кој другата странка го прекрши и дали има или нема докази.“

Отпрвин морал да ги препишува информациите рачно од една книжарница, плаќајќи му на сопственикот со вреќи пченка. Во 2007 година почнал да прима бесплатни правни совети, по речиси 16 години самостојно учење, и најпосле успеал да поднесе жалба.

Како што известува Центарот за законска помош за жртвите на загадување, Ванг во повеќе наврати се обидувал да ја изведе компанијата пред суд, но постојано бил игнориран од локалните судови и инспекциските агенции, соочувајќи се и со противтужби од агенцијата.

За случајот да се најде на суд, биле потребни осум години, но обласниот суд конечно донел пресуда во полза на Ванг, при што Ванг и неговите соседи добиле отштета во износ од околу 100 000 евра. Но, Ванг се соочува со нов процес, бидејќи компанијата планира да поднесе жалба.

Сподели на Facebook
пати видено