Ова е рекламно видео за CNC машините на кинеската компанија Jingdiao од Пекинг. Компанијата произведува прецизни машини за сечење, а овие производи што ќе ги видите во видеото се направени со нивните машини. Прецизноста на деловите делува нереално, како да се работи за некоја видео монтажа.

Компанијата Jingdiao е основана во 1994 година. Денес има повеќе од 4.900 вработени, а главниот производствен погон во Пекинг има површина од 220.000 квадратни метри. Годишно произведуваат машини во вредност од половина милијарда долари.

Сподели на Facebook
пати видено