Кина е на чекор да стане „вселенска суперсила“. САД дефинитивно немаат монопол врз долгорочни симулации за живеење на друга планета. Четири универзитетски студенти во Пекинг започнаа 200-дневен експеримент за изолација, во „Лунарната палата 365“,каде што ќе живеат исклучиво на ресурсите што би ги имале на Месечината или на Марс.

Тоа значи создавање кислород од растенија, рециклирање на урината за производство на вода за пиење и најдобро искористување на ограничените резерви.

Како и со останатите слични експерименти, поголемите предизвици можат да бидат психолошки. Студентите ќе имаат дневни задачи кои ќе ги мотивираат, но сепак ќе живеат во мал простор, отсечени од пријателите и семејството, скоро една година. Исто така експериментот ќе покаже како тие ќе реагираат без сончева светлина, што може да влијае на нивното физичко и ментално здравје.

Ова не е најдолг експеримент од ваков тип, но ќе биде од голема важност за Кина. Земјата е решена да ги достигне вселенските програми на САД и Русија, а тоа значи дека треба да бидат подготвени за долгите денови во далечните светови. Она што Кина ќе го научи сега преку експерименот ќе и се исплати кога ќе тргне да го истражува сончевиот систем.

Сподели на Facebook
пати видено