Кинеските власти развија апликација која им кажува на луѓето дали некој кој што е во нивна близина има долг. Државниот весник China Daily објави дека официјални лица од кинеската провинција Хебеј ја создале апликацијата, наречена „Мапа на ненадејни должници“, на која може да се пристапи преку апликацијата за социјални медиуми WeChat.
Аликацијата ги известува корисниците кога некој во радиус од 500 метри од нив има долг.
Исто така ја прикажува точната локација на должникот, иако не е јасно дали прикажува лични податоци. Апликацијата е направена со цел луѓето да внимаваат на граѓаните кои имаат долгови, а парите ги користат за други цели. Сепак не се знае колкав треба да биде долгот на лицето за да се појави на апликацијата.
Преку апликацијата, доколку некој забележи дека должникот е во состојба да си го плати долгот (според она што го работи во тој момент), може да го пријави должникот на властите. Во кинеската култура, заштедата традиционално се смета за најпосакувана, а долговите се табу тема.
Апликацијата се појави откако Кина ја средувала кредитноста со реформите на својот социјален кредитен систем. Новиот систем, продолжување на кредитниот рејтинг на лицето, ќе стапи во употреба во 2020 година и ќе го оценува лицето врз основа на нивната доверливост и однесување во јавниот транспорт.
Аргументот за социјалниот кредитен систем е дека многу луѓе во Кина сè уште немаат формален пристап до традиционалните банки. Затоа им е потребен алтернативен систем за да се процени дали тие можат да ги отплаќаат кредитите, да изнајмуваат куќи или дури ги испратат своите деца на училиште.