Сега секој намќор може да се најде во неволја. Кина сега користи препознавање на емоциите за да го предвиди и идентификува криминалното однесување.
Замислете да сте имале лош ден на работа или некој идиот ве испрскал со колата и едноставно не можете да го воздржите вашиот гнев. Добивање на етикета како сомнително лице од властите со сигурност ќе ви дојде како шлаг на тортата.
Сепак Кина смета дека нивниот систем на препознавање на емоции е соодветен начин за предвидување на криминална активност. Експерт за полиција и партиски кадар од бирото за јавна безбедност Ксинџијанг зборувале на најголемиот саем за технолошка безбедност дека започнале да користат препознавање на емоции за да идентификуваат сомнителни лица.
Системите за препознавање емоции работат со идентификување на знаци на агресивност и нервоза, како и нивоа на стрес и потенцијал на човекот да ги нападне другите. Сепак, сигурноста на системот е под знак прашалник бидејќи поединците ги носат своите емоции поинаку, а практикуваните криминалци можеби станале подобри во криењето на своите чувства.
Претставници од интернет-компанијата Баиду и софтверската компанија Мегви, изјавиле дека технологијата ја користи владата во бироата за јавна безбедност и училиштата, иако тие признале дека „сè уште не работи многу добро“.
Кина очигледно не е единствената земја која ги испробува способностите за препознавање емоции, бидејќи компаниите, вклучително и Гугл и Мајкрософт, исто така работат на технологијата. Во Велика Британија, сепак, постои загриженост за воспоставување соодветна правна рамка за употреба на препознавање на лицето во живо.