Огромна статуа висока 58 метри и тешка над 1320 тони беше откриена во Џингжу, Кина. Неверојатната статуа го претставува Гуан Ју, значајна личност од кинеската историја, кој бил славен генерал за време на периодот на Трите царства. Подоцна генералот бил боготворен во кинеската култура и наречен Гуанг Гонг или Гуан Ди, симболизирајќи ги братството, целоста, интегритетот, верноста и правичноста.
Статуата била дизајнирана од Хан Меилин кој е познат по своите дизајни на маскотите за Олимписките игри во Пекинг 2008. Легендарната фигура висока 48 метри е исправена врз 10 метарско подножје осмислено да личи на древен брод. Во внатрешноста на статуата посетителите ќе можаат да разгледуваат музеј со површина од 8000 метри квадратни.