Кина можеби е најнаселената и најзагадената земја во светот, но презема големи дејства да го намали негативното влијание врз околината и да создаде почиста и позелена иднина за себе. Според Меѓународната Енергетска Агенција, до 2035 година Кина ќе ги надмине ЕУ, САД и Јапонија во поглед на бројот на проекти за обновлива енергија. А Кина веќе го започна тоа со најпретставителниот проект за обновлива енергија на државата до сега.
Првата голема соларна централа на Кина ќе обезбеди енергија за еден милион домови и ќе ја намали употребата на јаглен за 4.26 милиони тони секоја година. Ова достигнување е навистина возбудливо.
Како што известува Сајенс Алерт, концентрираниот соларно термален проект се простира врз површина од 25 километри квадратни врз пуста земја во провинцијата Џингхаи во северозападна Кина. Позната како Делинга, централата ќе содржи шест кули способни да произведуваат 135 мегавати со 3.5 часовен капацитет за складирање на топлинска енергија – што е доволно да се обезбеди енергија за еден милион домаќинства во провинцијата Џингхаи во текот на целата година! На овој начин произведената енергија ќе го намали и испуштањето на јаглерод диоксид со 20 милиони тони.
Првиот чекор во изградбата ќе вклучува поставување на две од 135-мегаватните кули. Со нив ќе се обезбедува енергија за 452.000 домови. Делинга ќе биде првиот комерцијален проект од ваков тип и ќе го поплочи патот за уште три проекти за обновлива енерија во земјата кои се очекува да се изградат до 2020 година.
Соларно-термалниот проект има сериозна поддршка од Државната мрежна корпорација, Шангајската електрична група, како и од Компнаијата за развој на хидроенергија Џигхај Хуангхе. Покрај нив, партнер во проектот е и БрајтСорсЕнерџи од Оукленд, САД, која најавува изградба на најголемата соларна централа во светот која ќе се наоѓа во устината Мохаве во САД.
Ова е само една од седумте заеднички иницијативи на САД и Кина, објавени од претседателот Обама во 2009 година, како дел од Партнерството за обновлива енергија помеѓу САД и Кина.
Се планира Делинга да биде пуштена во погон во 2017 година. Навистина добар пример за иднината на човештвото.