Сликите подолу од крајот на 1950-тите во Кина, на кои се прикажани млади момчиња кои ловат врапчиња како спорт, биле дел од постерите наменети за деца од училишна возраст.
Постерите биле дел од една голема кампања за искоренување на штетниците одговорни за помор и болести. Четири штетници биле избрани за искоренување – комарци, стаорци, муви и врапчиња.
Последните на оваа листа за убивање се сметале за одговорни за создавање недостиг од зрна и плодови кои ги јаделе птиците. Лошо замислената идеја за менување на синџирот на исхрана предизвикала сериозна еколошка нерамнотежа и заедно со други погрешни политики што владата ги вовела, со што се предизвикала поткрепа на деструктивни настани кои за три години усмртиле околу 50 милиони луѓе.
Големата кампања за лов на врапчиња била дел од уште поголема кампања наречена „Голема скок напред“ иницирана од претседателот Мао Цедонг во 1958 година за трансформирање на претежно аграрната нација во просперитетно социјалистичко општество преку брза индустријализација и колективизација. Со цел да ја преземе контролата врз земјоделството и да воспостави монопол врз дистрибуцијата и снабдувањето со жито, Мао ја укинал приватната сопственост врз земјиште и го вовел комуналното земјоделство. На многу селани, на кои им биле одземени нивните земји, им било наредено да работат на големи инфраструктурни проекти и на производството на железо и челик.
Во исто време, Мао започна патриотска здравствена кампања насочена кон штетници кои шират болести. Заедно со комарци, стаорци и муви, Мао сакал да го отстрани и евроазиското врапче што се храни со зрна. Советниците на Мао пресметале дека една врабец секоја година јаде четири килограми жито, а за секои милион убиени врапчиња ќе има храна за 60.000 луѓе.
Следел неверојатен колеж на врапчиња и биле користени сите можни методи на убивање. Најсуровиот начин бил да ги вознемируваат до смрт. На луѓето им било кажано да излезат надвор и да тропаат во тави и разни предмети и да не им дозволуваат на врапчињата да слетаат и тие да умрат од истоштеност.
Во текот на следните три години, околу една милијарда врапчиња, 1,5 милијарди стаорци, 100 милиони килограми муви и 11 милиони килограми комарци биле убиени. Иако програмата за искоренување била неверојатно успешна, таа дошла со голема цена.
Директна последица на кампањата бил „Големиот глад“. На Кинезите им станало јасно дека врапците јаделе повеќе од зрна. Тие, исто така, јаделе инсекти. Бидејќи главниот предатор исчезнал инсектите уништиле огромни површини на култури.
Скакулци ја преплавиле земјата и ги соединиле еколошките проблеми што веќе биле предизвикани од Големиот скок напред, вклучувајќи го и широко распространетото уништување на шумите и злоупотребата на отровите и пестицидите. Со текот на времето Мао ја прекина програмата – но не пред да ги замени врапчињата со инсекти на сисокот на Четири штетници. Во овој период помеѓу 20 до 50 милиони луѓе починале од глад.