Ова е прв нов третман против заболувањето по 17 години и штотуку го одобри кинеската агенција за безбедност на лекови да излезе во продажба за време на континуираните клинички испитувања. Истражувачите биле инспирирани да го тестираат лекот од алги кога откриле дека стари лица кои редовно јадат алги имаат помала веројатност да ја развијат состојбата.

Алцхајмеровата болест е вообичаен вид на деменција поврзана со постојан пад на функционирањето на мозокот и може да влијае на меморијата, вештините за размислување и другите ментални способности.

Точната причина за болеста сè уште не е целосно разбрана и сè уште не е откриен лек. Единствените достапни третмани се лекови дизајнирани за олеснување на некои од симптомите.

Во 1997 година, кинески истражувачки тим предводен од д-р Генг Меју започна да ги разгледува можните врски помеѓу алги и алцхајмерова болест. Тимот помина две децении истражувајќи ги алгите, идентификувајќи уникатен шеќер што може да помогне во смирување на симптомите.

Како што е опишано во трудот објавен од списанието Cell Research, конкретниот шеќер во алгите потиснува одредени бактерии содржани во цревата. Ова може да доведе до воспаление на мозокот и нервна дегенерација. Првите испитувања на лекот беа спроведени на 818 пациенти, докажувајќи дека новиот лек може да ја подобри когнитивната функција од Алцхајмеровата болест за четири недели.

Лу Сонгао, претседател на фармацевтската компанија „Зелена долина“, која го произведува лекот, верува дека тој ќе биде достапен за кинескиот пазар до крајот на годинава. Тој, исто така, се надева дека лекот ќе стане достапен на глобалните пазари во блиска иднина.

Сподели на Facebook
пати видено