Гудвин има просперитетна иднина кога се работи за исполнување на стандардите на американскиот фудбал. Тој тежи 156 килограми и е висок 2 метри. Неговите физички карактеристики го прават одличен напаѓач за Универзитетот во Кентаки, кој го препознал неговиот талент и понудиле стипендија за да игра за нив кога ќе завршат неговите средношколски денови. Но има еден проблем Гудвин има 13 години, тој уште нема завршено ниту 8-мо одделение.
Само размислете како сте изгледале Вие кога сте биле на негова возраст. Крис Вон работи во фитнес сала во Луисвил , најголемиот град во Кентаки и доаѓа во редовен контакт со најдобриот фудбалски талент на државата. Како тренер на Гудвин, тој вели дека никогаш не видел 13-годишник како него.
„Ова дефинитивно е најголемо дете што сум го видел на таа возраст. Дете со тоа големина не мора да прави многу. Но со тоа што тој доаѓа и толку вредно работи ќе го оддели од сите други. Благословен сум што работев со многу деца од оваа област за да излезат од тука и тој има шанса да биде ТОЈ. Вие навистина не можете да ја разберете неговата големина додека не го споредите со другите.“, вели неговиот фитнес тренер Крис.
Освен тоа што е прилично голем, неговиот тренер вели дека Гудвин е и брз за неговата големина и никој не може да го помине. Но фудбалот не е единствената љубов на Гудвин. Овој тинејџер сака да учи и сонува да стане инженер кога ќе порасне.
„ Ми се допаѓа музиката. Јас свирам на кларинет. Исто така сакам и роботика, сакам да станам инженер. Ми се допаѓаат општествените науки и науката. Многу луѓе го ставаат својот живот и душата во играта. Но, ако тие не се подготвени или нешто друго се случи мора да постои резервен план. Со нетрпение чекам да се вратам на кампусот за да го разгледам, да разговарам со тренерите и со некои од играчите за да ги прашам што мислат за Универзитетот. Сакам да се распрашам и за тоа какви се професорите. Тоа најмногу ме загрижува.“, изјавил „малиот“ Гудвин за „247sports“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.