Вивиен, ќерката на Стенли Кубрик е револтирана од вмешувањето на нејзиниот татко во контроверзата за наводно фалсификување на филмски кадри од првото стапнување на месечината во 1969 година, и во отворено писмо на Твитер категорично ги укорува тие кои веруваат во тоа. Вивиен Кубрик, која исто така е режисер, таквите тврдења ги окарактеризира како „срамна лага“ и „ужасно предавство“.

sk

„Зарем не сметате дека тој би бил последниот човек кој би помагал на американската влада да изврши такво ужасно предавство на својот народ?“, прашува таа во писмото. „Како може некој да верува дека еден од најголемите заштитници на човештвото би извршил такво предавство?“, продолжува Вивиен.

Во својата порака таа посочува дека досега многу пати била прашана за тие гласини и поради таа причина решила да одговори во социјалните мрежи.

Според легендата, Стенли Кубрик е тој кој ги снимил сите стапнувања на месечината на мисиите на „Аполо 11“ и „Аполо 12“ во Хантсвил, Алабама, со цел да се лажира американската превласт во трката на освојување на вселената која САД ја водела со тогашниот СССР. Неодамна се појави и наводно интервју со славниот режисер во кое тој признава за својот фалсификат. Се смета дека интервјуто е фалсификат и дека во него учествува актер кој само многу личи на него.

Сподели на Facebook
пати видено