Стив Ирвин – ловецот на крокодили загина пред осум години, но неговата ќерка Бинди Ирвин го продолжува неговото дело на зачувување на животните. ОВаа 16-годишна американска државјанка е во последна година на училиште и учи бизнис и туризам, по што планира да се вработи во австралиска зоолошка градина. Инстаграмот на Ирвин има над 220.000 следбеници и судејќи според поставените слики, сосема е јасно дека нејзиниот татко има големо влијание во нејзиниот живот.
„Тато беше вистински воин на дивиот свет и ние му се восхитувавме најмногу од сѐ“, вели Ирвин. „Се сеќавам, еднаш ми даде совет кој ми остана во глава засекогаш. Тој рече `Мораш да се однесуваш со животните како што би сакала другите да се однесуваат со тебе`. А тоа е жива вистина.“