Кејти Вензел чекала воз за да се вратат во хотелот заедно со нејзината мајка Сузан додека биле на одмор во Атланта. Ниту една од нив не очекувала дека човекот зад нив ќе ја турне жената на шините. Во тој момент Кејти знаела дека мора веднаш да реагира доколку сака да ја спаси нејзината мајка.
28-годишната учителка во основно училиште скокнала на шините и бидејќи возот веќе бил премногу блиску само ја наместила нејзината мајка во положба во која нема да настрада од возот.
Како што таа ја преместила својата несвесна мајка во права линија и се спуштила веднаш до неа, Кејти вели дека не размислувала за фактот дека може да си го изгуби сопствениот живот.
„Погледнав надолу за да видам колку е блиску возот, ја видов светлината и си помислив ‘морам да ја спасам’ и скокнав. Можам да се сетам само на тоа дека скокнав за да ја спасам мајка ми.“, вели Кејти.
Додека нејзината мајка Сузан се извекла со мали повреди, Кејти не успеала навреме да се заштити од возот и поради тешките повреди животот ѝ бил во сериозна опасност.
На Кејти ѝ биле ампутирани прстите, ѝ ставиле три плочки на черепот и шипки за да го држат нејзиното рамо. Ѓерданот на младата учителка бил фатен од возот, што резултирало со длабок пресек на вратот, кој чудесно ја избегнал нејзината каротидна артерија.
И покрај нејзиното несебично дело, кое речиси ѝ го одземало животот, Кејти вели дека не е херој – само посветена ќерка: „Јас не сум херој. Го направив она што би го направила секоја ќерка за мајка која безусловно ја сака.“
Нападот го извршил 28-годишниот Кристофер Патрик Бруклин, кој бил обвинет за тежок напад и обид за убистви на јавно место.