И на животните им се потребни пријатели, па ни ова мало кенгурче не е исклучок.
Тим Бешара, советник на сенаторот на Тасманија Питер Виш-Вилсон, ја твитувал оваа симпатична фотографија со кенгурче кое останало сираче како си го гушка своето плишано мече. За кенгурчето кое е наречено Дудлбаг се грижи Џилиен Абот, мајката на Бешара, во Нов Јужен Велс, Австралија.
„Можеби паднал од торбичката на неговата мајка или пак мајка му умрела“ изјавил Бешара за Дејли Мејли. „Беше стар неколку месеци кога беше предаден на WIRES, компанијата за див свет на мојата мајка. Оттогаш таа го негуваше сѐ до целосното враќање на неговото здравје, и кенгурчето сега скока наоколу по шумата и се враќа од време на време за да јаде или да се погали, како што покажува сликата.“