Австралиската периферија може да биде осамено место, но еден кенгур мажјак и неговата придружничка свиња изгледа нашле добро решение за тоа. Фотографиите со двете животни прикажуваат дека тие се крајно интимни пријатели, и фармерот во чија сопственост е свињата вели дека тие се во врска подолго од една година.
Рајан Фрејзер кој ги снимил фотографиите вели дека кога првпат ги видел, забележал дека животните биле многу опуштени меѓу себе, за потоа да се впуштат во љубовните нежности. „Дури не знаев дека такво нешто е возможно“, вели тој. Фрејзер и неговите колеги велат дека се запрепастени од нежноста која животните ја покажуваат едно на друго. „Додека кенгурот ја гушкаше свињата си помисливме – ова е чудно, треба ли да сме тука и да го гледаме ова?“ Љубовта навистина не познава граници. Само да не ѝ се намерачи на гуската.