Македонски научници открија нешто неверојатно на островот Голем Град, на кој покрај тоа што се наоѓаат голем број културно-историски споменици и разновидна флора и фауна, е дом на стотици поскоци. Научниците го истражувале живиот свет на островот кога наишле на нешто неверојатно.
Еден истражувач превртел камен и открил мртов поскок-женка на кој од стомакот му штрчела глава на стоногалка.
„Сите бевме вчудоневидени, бидејќи никој од нас нема видено вакво нешто“ – изјави Лилјана Томовиќ, еден од истражувачите.
Поскоците вообичаено јадат мали цицачи, гуштери и птици, а понекогаш се хранат и со стоногалки.
За несреќа на овој поскок, оваа стоногалка не сакала да биде изедена без борба. Судејќи според испитувањата, изгледа дека поскокот успеал да ја голтне стоногалката, но потоа таа се обидела да му го раскине стомакот за да се спаси, и за малку ќе успеела.
Тимот го заклучил ова бидејќи на поскокот му ги немало поголемиот дел од внатрешните органи, т.е. стоногалката го изела одвнатре.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.