Ништо не е како звукот на штурците во летна ноќ, нели? Тоа е звук кој едноставно ве успива и ве носи во земјата на соништата. Но, кога звукот ќе го забавите во сразмер со должината на просечниот човечки животен век, се случува нешто запрепастувачко – одеднаш како да слушате некој вонземјански црковен хор!
На звучниот клип кој следува заедно се измиксани два извори на звук – едниот е во нормална брзина, а другиот е успорен. Не се употребени никакви дополнителни извори на звук. Тоа што слушате се само штурци!