Многу деца, а и возрасни, се опседнати со диносаурусите. Филмот „Паркот Јура“ ја крена оваа опсесија кон нови височини бидејќи направи луѓето навистина да сакаат да видат живи диносауруси. Па дури тоа и да не ви е опсесија, секој се прашува како изгледале диносаурусите кога биле живи.
Сепак, има некаква утешна награда. Денес има видови животни коишто живееле во времето на диносаурусите, па така во основа ние живееме со предисториски суштества.
1. Ехидни
Овие боцкасти мравојади скитале по Земјата уште во Кенозоикот, периодот кога цицачите почнале да се наметнуваат како доминантен вид.
2. Ајкули
Океанскиот предатор кој е дел од кошмарите постоел уште во времето на диносаурусите. Овој предатор успеал да ги надживее најстрашните предатори.
3. Кајман
Еден од 23-те вида на крокодиловидни животни, кајманите биле доста чести во времето на диносаурусите. Иако денес се многу помали отколку што биле во тоа време, сепак успеале да опстојат сѐ до денес.
4. Пчели
Медоносните пчели од кои се плашите денес веројатно ги боцкале и диносаурусите, во времето на Мезозоикот.
5. Туатари
Последниот жив член на семејството Rhynchocephalia, туатарите се живи и здрави во Нов Зеланд.
6. Ракови
Иако изгледале малку поинаку од денешните ракови, многу од членконогите и школкарите потекнуваат од нивните предци кои успеале да го преживеат катастрофалниот настан кој ги истребил диносаурусите.
7. Клунари
Кој би помислил дека овие симпатични животни живееле заедно со диносаурусите? Се појавиле во истиот период кога се појавиле и ехидните,времето кога цицачите станувале сѐ почести жители на планетата.
8. Ајкула-наметка
Овој грабливец од морските длабочни е еден од најпримитивните видови на ајкули и ни се реликвии од периодот Креда. Ретко се видени живи, а прв пат беа снимени сосема недомна. Живеат во длабоките морски води кадешто главно се хранат со лигњи.
9. Морски ѕвезди
Тешко е да се верува, но морските ѕвезди биле доста чести во времето на диносаурусите.
10. Крокодили
Погледнете го само, има ли нешто што повеќе личи на диносаурус од ова суштество? Се проценува дека крокодиловидните животни се на Земјата веќе 240 милиони години, а и не изгледа дека планираат да ја напуштат во скоро време.