Наставничката ги испрашува децата во одделението. Лута е:
– Петар?!
– Што?
– Ќе Ти кажам јас тебе “што”! Ѓавол да те земе! Стани, кога зборуваш со наставничката! Колку е 2 и 2?
– 5.
– Идиот! Нема да биде од тебе инженер! Единица! Седи!
– Драган?!
– Што?
– Ќе Ти кажам јас тебе “што”! Ѓавол да те земе! Стани, кога зборуваш со наставничката! Колку е 2 и 2?
– Пааа… 3.
– Идиот! Нема да биде од тебе инженер! Единица! Седи!
– Зоки?!
– Да, госпоѓо?
– Колку е 2 и 2?
– 4.
– Браво! Ќе биде од тебе инженер!
– Госпоѓо?! – продолжува Зоки.
– Што?
– Ќе Ти кажам јас тебе “што”! Ѓавол да те земе! Стани, кога зборуваш со инженер!