Чудесната држава Казахстан каде сѐ е можно ни покажа дека не се толку „неуки“ кога станува збор за технологијата. Тие си нашле човек кој знае да работи во Фотошоп и назначиле за „шминкер“ на претседателот.

Радио Слободна Европа / Радио Слобода го направи ова откритие кога ги споредуваа фотографиите објавени од владата со други фотографии снимени на исто место и време од страна на обичните новинари.

Во март привремениот претседател на Казахстан, Касим-Јомарт Токаев, ја презеде функцијата на лидер, откако неодамна претседателот Нурсултан Назарбаев неочекувано поднесе оставка. За многумина, ова беше изненадување. Познат како „папа“ на многу Казахстанци, 78-годишниот поранешен работник во фабрика за челик, владеше со нацијата богата со нафта и гас од 1989 година, кога беше уште дел од Советскиот Сојуз.

А вие погледнете им го новиот „разубавен“ претседател на Казахстанците… кој знае може треба да пробаме и кај нас.

Сподели на Facebook
пати видено