Дечко поканил девојка на прошетка. Се шетале двајцата низ паркот и виделе количка за сладолед.
– Сакаш сладолед?
– Сакам.
Дечкото му викнал на продавачот:
– Два сладоледи од 10 денари!
Продолжиле понатаму. Ги изеле. Се приближиле до друга количка.
– Сакаш пак сладолед?
– Сакам.
– Два сладоледи од 10 денари!
Продолжиле да се шетаат. Стигнале до трета количка со сладолед.
– Уште еден?
– А, не, благодарам! Веќе не можам…
Дечкото се приближил до количката и му шепнал на продавачот:
– Еден сладолед од 50 денари!