Висок околу 155 сантиметри, слаб, со мало стомаче, брада и седа коса, бандитот бил тивок но учтив кога ги ограбувал банките во Далас. Од ФБИ му го дале прекарот „Каубој Боб“ поради каубојскиот шешир кој секогаш го носел додека ги ограбувал банките. Полицијата се одбидувала да го фати подолг период, во раните 90-ти години. Кога конечно успеале да му се приближат, откриле нешто што им ја свртело истрагата наопаку.
Првите пет пати Каубој Боб нападнал во периодот од мај 1991 и септември 1992 година. Неговите грабежи биле совршени. тој се однесувал многу смирено, не претел на луѓето со оружјето, секогаш ги проверувал дали има направа во торбите која ќе ги уништи парите со боја и потоа полека си заминувал со неговиот автомобил од 75-та година со укардени таблички.
Тој ги полудувал сите во ФБИ. Поранешниот агент Стив Повел изјавил за Texas Monthly: „Ме тераше да почнам да си ја кубам косата. Како може овој мал, средовечен, извежбан каубој да не влече за нос, повторно и повторно?“ Сепак шестиот пат Каубој Боб направил грешка. Тој заборавил да ги стави лажните таблички и полицијата открила дека припаѓаат на Пит Талас, кој автомобилот го подарил на неговата сестра Пеги Џо.
Од ФБИ веднаш се упатиле кон станот на Пеги, каде што таа живеела со нејзината мајка и нивната претпоставка била дека грабежот го извршило нејзиното момче. Во станот биле само жените, кои тврделе дека не знаат ништо за било каков грабеж. ФБИ ја притискал Пеги да им каже каде се крие нејзиното момче, но таа инсистирала дека нема момче. Кога направиле претрес на станот, пронашле вреќа со пари, шешир и вештачка брада и повторно почнале да ја прашуваат Пеги каде е нејзиното момче. Тогаш Пеги им кажала: „Нема никаков маж! Ви се колнам!“
Агентите тогаш забележале дека Пеги уште има лепило на горната усна и траги од сив спреј во косата. Станало јасно дека Каубој Боб не е тој, туку таа.
Пеги пораснала во Далас во 50-тите и 60-тите. Таа секогаш имала немирен дух и еднаш завршила во затвор затоа што украла автомобил. Таа имала тежок живот, работела напорно, немала среќа во љубовта и секојдневно се грижела за нејзината мајка, која била неподвижна, затоа што страдала од тешка и хронична дегенеративна болест на коските. Кога Пеги снемала финансиски сретства за лекување на нејзината мајка, таа се одлучила да ограби банка. Потоа улогата толку и се допаднала што продолжила да ограбува.
Пеги добила казна затвор од три години и потоа пронашла работа на марината, каде што сите ја познавале како добра жена која секогаш им помагала на луѓето и не барала ништо за возврта. Пеги живеела мирен и повлечен живот се до 2005 година.
Веќе во нејзините 60-ти години Пеги ставила очила и шапка и влегла во една банка во Тајлер, Тексас. Таа освен што немала маска на маж, за прв пат разговарала со банкарот и за прв пат не ги проверила парите за боја. Таа не внимавала на ништо. Кога се качила во автомобилот бојата ги уништила парите. Полицијата сега ја пронашла Пеги, а таа излегла од автомобилот со пиштол.
Таа ги предизвикувала полицајците да пукаат во неа. Тие не сакале да го сторат тоа и се обидувале да ја смират. Но Пеги им одговорила: „Сакате да ми кажете дека јас ќе застанам со пиштол и ќе го вперам во вас, а вие нема да пукате во мене?“ Полицијата пукала во Пеги четири пати. Таа починала, а пиштолот во нејзината рака бил играчка. Никој не знае што се случувало со Пеги тој ден, дали тоа за нега бил уште еден грабеж или начин на кој ќе изврши самоубиство.
Сепак Пеги Џо, позната како Каубој Боб е вистинска аномалија. Освен што била жена, работела сама и успеала да го измами ФБИ.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.