Снимен во соба полна со нацистички предмети, ова е мигот кога католички свештеник шмркна линија кокаин за време на забава во неговата куќа која се наоѓа на црковно земјиште. Наводно, триесет и седумгодишниот отец Стивен Кросан шрмка висококласен кокаин низ банкнота од 10 фунти, по цела ноќ пиење виски и пиво. Пред да шмркне, се слуша како на својот пријател му вели: „Не би смеел“.
Видеото наводно е снимено за време на забава во неговата парохиска куќа. За локален весник изјавил дека „тоа беше само една ноќ и толку. Немам јас никаков проблем со дрогата.“ Извор за весникот кажал дека повеќе луѓе присуствувале на забавата на свештеникот која почнала во единаесет претпладне и траела околу седум часа. Тие биле пречекани во соба полна со нацистички предмети, како знамиња, шапки и орел со кукаст крст на столб кај неговиот камин.
„Ги имаше насекаде низ куќата. Во еден момент Стивен стави една од шапките и направи нацистички поздрав. Шокантно! Тој би требало да служи за пример во општеството. Не би требало да се дрогира.“
Отец Кросан, кој живее на црковно земјиште на црквата Св. Патрик во Банбриџ, Северна Ирска, одрекува дека е нацист и вели дека нацистичките предмети се таму бидејќи собира „историски работи.“ Вели дека минува низ депресија и на снимката е фатен во момент на слабост. Вели дека ја напуштил црквата, но бил поддржан од парохијата, а портпарол на неговиот бискуп вели дека свештеникот ќе ја има сета поддршка додека се справува со проблемите.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!