Католичката црква ослободила од обвинение свештеник инфициран со ХИВ кој признал дека силувал над 30 деца на возраст помеѓу пет и десет години. Според известувањата, Мексиканската архиепископија го ослободила свештеникот Хозе Гарсија Атаулфо од секаква вина. Атаулфо признал дека сексуално злоставувал деца домородци од Оахака, држава во јужно Мексико позната по бројното население на домородци.
Свештеникот тешко дека ќе се соочи со некакви криминални обвиненија, најверојатно поради силното влијание на католичката црква во Мексико, особено во областите населени со домородци. Како што известуваат мексиканските медиуми, само две од жртвите истапиле со критики за ослободувањето од вина. Мајката на една од жртвите побарала да се сретне со папата Францис во Рим, но била одбиена од Ватикан со писмо во кое стоело дека Ватикан случајот го смета затворен.
По седнувањето на папскиот престол во 2013, папата Францис изјавил дека црквата ќе ги отстранува бискупите кои покриваат сексуални злосторства извршени од свештеници врз деца. Педофилијата е голем проблем во редовите на католичката црква, кој излезе на виделина со голем скандал во 2002 година, кога Бостон Глоуб откри во каква мера е раширена таа појава.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!