Добар ден, јас сум Кирил Михајловски имам 45години и по професија сум спортски новинар.
Само на кратко ќе се задржам на ракометарите. Многу добра игра на сите натпревари, браво, да имавме малку среќа ќе беше подобро, до голмано на Словенија еден голем поздрав, да кажеше дека е толку напнат ќе му ги пуштев Сузето и Светлето ќе го олабаеја. До Диви ЗДРАВО, а до Борко синката ЗДРАВО, ЗДРАВОООО.
Јас поќе ќе се задржам на тоа како кој го доживуваше светското.
На децата многу му е гајле кој играл или кој не играл, тие секогаш го сакат тој шо клава најпоќе голој.
Воздрасните битно му е Македонија да стигни шо подалеку, оти шо поќе утакмици то поќе причини да се соберат и да уништат по неколку литри пиво, а пред жените то да му биди оправдано, оти “светското срце, тепавме, ти наместо да се радваш инкери прајш” …
Старите гледат дури не дојдат вестите на Сител, зависи кога е уткмицата, оти Латас е на прво место кај старите стално.
Сузето, Светлето и сите девојки од нивнио калибар, по ново ескорд дами и старлети, нив не ги интересира ракомето, нив ги интересира во кој кафич излегват ракометарите и кој колку плата зема. Оти за друго се дојдени тие.
Политичарите од опозицијата, гледат кој има ојдено од овие од власта и само зборат: “Народо гладва тие во Катар; 1000евра аранжмано, а луѓето плата немат земено” и слично.
Политичарите од власта пак велат “Во 2015-та, на најновите ранг листи сме трети во регионот во ракомет, веднаш зад Словенија и Хрватска, а далеку пред Бугарија и Грција кои се членки на НАТО и ЕУ”.
Хејтерите, тие го гледат крајнио резултат, ако тепавме викат на среќа, а ако изгубивме викат по Кире и по федерацијата оти Обрван го клале селектор, треба Македонец да биди, ете на пример Цауро.
Мајка ми, е то ти е жив оптимизам, само кратко прашва дали игра Македонија, после ти вели победваме сигурно, да беа сите такви, рајат ракомет ќе гледавме.
Баба ми е со променливо расположение, ако водиме се е cool во најдобар ред, ама чим не оди работата се упатуваат серија пцовки и голем број клетви од типот “Фати бе една, да се фатиш во врато; Шутни бе ти, шут да шеташ; Не подуја од голој, да се подујат во меојте; Шосторе бранење, брана да го фати да го однеси; Леле го мана детето го отепа, срце да те отепа” и голем број слични на овие.
Единствени шо го пратеа рскомето и шо навистина гледаја ракомет беа навивачите, ама пошто кај нас во Битола едино само Кире шо го цениме, ито ако оди во Вардар и со него ќе ја расипиме калимерата како со Диви, зато доживувањата на навивачите ќе ги прескокниме.
На крајот заклучокот ќе биди дека шо и да напраевме на светското ќе беше добро, оти со самото то шо можиме Македонија да ја гледаме на завршница на таков турнир е голем благодет, како и ова досега, браво и голема подршка…
П.С. Дај да му ебем матер сите во Пелистер играчи се сторивте, дајте видете таму збор два кажете, оти страмој се сторивме…
Автор: Виктор А.К.А. Башлак