Касиерка од Алабама ја споделила својата приказна за тоа како успеала да ѝ се одмазди на арогантна, богата клиентка, која не прифаќала „не“ како одговор.

Сара Белангер работела на каса во локална продавница во Хантсвил, кога еден ден во продавницата влегла жена облечена во маркирана облека и возела најнов модел на Lexus. Оваа жена имала необично барање од Сара.

Во продавницата кај што работела Сара се продавале новогодишни украси во вид на ѕвезди и чинеле 50 центи. Жената барала од Сара да ѝ ги даде украсипе по цена од 25 центи, затоа што планирала да ги купи сите. Сепак Сара ѝ кажала дека цената не може да се намали и дека таа не може да направи ништо во врска со тоа.

Арогантната „госпоѓа“ почнала да се расправа и ѝ рекла на Сара дека ќе оди да си ги купи во друга продавница. Сара ѝ кажала: „Не можам да ви гарантирам дека и утре ќе бидат тука.“ На што жената ѝ одговорила: „Има 12 во продавницата. Никој нема да ги купи сите 12. Ќе го добијам тоа што го сакам, подготви се да се чувствуваш како глупачка утре.“

Ова прилично ја вознемирило Сара и таа решила да ги купи сите 12 украси во продавницата, а потоа се јавила и во другите 2 продавници каде што ги имало истите украси и ги купила и таму сите украси. Сара вели дека тоа се најдобро потрошените 30 долари во нејзиниот живот.

Кога се вратила наредното утро жената во продавницата Сара со задоволство и кажала дека сите украси се продадени само на еден купувач, а и дека најверојатно нема повеќе такви во цела Северна Алабама. „Изразот на нејзиното лице вредеше за секоја потрошена паричка.“, вели Сара.

Сподели на Facebook
пати видено