Исламската држава го овластила вадењето органи од немуслиманите за да се спаси муслимански живот, дури и ако тоа го убие „неверникот“. Оваа заповед од идеолозите на терористичката група било откриено во документи коишто специјалните сили на САД ги нашле при рација во источна Сирија во мај, и се јавува загриженост дека ИСИС тргува со човечки органи.
Откриените документи се датирани на 31. јануари и се во вид на фатва и сега се преведуваат и истражуваат од страна на американски експерти.
Документот кој е издаден од организација наречена „Комитет за истражување и фатва на Исламската Држава“ вели: „Животот и органите на одметникот не мора да се почитуваат и можат да се одземат без никакви последици. Органите поради чиешто вадење става крај на животот на заробеникот: Вадењето на ваков вид на органи исто така не е забрането.“
Овој документ не претставува конечен доказ дека ИСИС се занимава со трговија со човечки органи, но сепак обезбедува религиска дозвола за истото со што веројатноста станува голема. И Ирак претходно ја обвини ИСИС за трговија со човечки органи како средство за остварување профит.
Во документот не се дефинира точното значење на зборот „одметник“. Веројатно тоа е израз со пошироко значење кој треба да ги покрие не само неверниците, т.е. немуслиманите, туку другите муслимани кои не ги следат нивните екстремистички гледишта.
Американските власти велат дека запленетите документи на американската влада ќе ѝ дадат подобар увид во начинот на кој ИСИС се организира, собира средства и кодифицира правила и закони за своите следбеници. Ирачкиот амбасадор, Мухамед Али Алхаким верува дека документите треба да бидаат испитани од Советот за безбедност на Обединетите Нации како доказ дека ИСИС тргува со човечки органи за да оствари профит.
Рацијата којашто резултирала со смртта на Абу Сајаф, врвен финансиски претставник на ИСИС, како и со заробување на неговата сопруга, резултирала со седум терабити податоци во вид на компјутерски хард дискови, USB дискови, CD-a, DVD-ја и хартиени документи, изјави Брет Мекгурк, специјален советник на американскиот претседател Обама за борба против ИСИС.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!