Правта за најголемото изненадување во историјата на претседателските избори на САД сѐ уште не спаднува, a карикатуристите од целиот свет преку своите карикатури ја искажуваат својата загриженост поради тоа што 45-тиот претседател на САД е токму – контроверзниот Доналд Трамп. Веројатно добар дел од вас нема да се согласат со гледиштата на овие карикатуристи, но во секој случај мора да се признае дека имаат добра смисла за хумор.