Капа е јапонски назив за мали ѓаволчиња кои се хранат со човечко месо и кои живеат во реки, езера, бари и други водени територии. Тие мирисаат како риба и главно се опишуваат како суштества со тело на желка, глава на мајмун, екстремитети покриени со крлушки, долга коса, мрежести стапала и дланки и жолто-зеленикава кожа. Често се прикажувани и со желкина куќичка на грбот. Некои велат дека можат да ја менуваат бојата како камелеон. Карактеристично за овие митски суштества е дупката на нивните глави, која содржи живототворна течност. Според јапонските легенди, доколку сретнете капа, треба длабоко да се поклоните. Ако и суштеството љубезно ви се поклони за возврат, ќе ве полее со таа течност, што него ќе го направи послабо и ќе мора да се врати во својот воден свет.
Според раскажувањата, иако е големо колку дете од 6-10 години, ова суштество е неверојатно силно и напаѓа коњи, добиток и луѓе, вообичаено одвлекувајќи го својот плен во водата. Според други легенди, тоа се храни со крв или пак ја исцицува животната сила на жртвите, или пак им ги вади црните дробови преку анусите и им ја шмука нивната внатрешност, оставајќи само шуплива лушпа од некогашниот човек. Во некои приказни капите се поврзуваат со кражби и силување жени. Во други пак, овие суштества грабнуваат мали деца во водата и ги дават. Во некои места во Јапонија давењето сѐ уште се нарекува Гападоко.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.