Антон Пиипа, 39-годишен Канаѓанин од Ванкувер, проживеал неверојатна животна приказна. Сѐ започнало во март 2012 година, кога овој бивш хуманитарен работник едноставно исчезнал. Најголем проблем претставувала неговата шизофренија и токму поради тоа неговото семејство најмногу стравувало. Го нашле пред два и пол месеци како скита босоног по амазонската прашума, а имал среќа што налетал на Хеленис Кампос, бразилска полицајка со канадско потекло, која успеала да го поврзе со неговото семејство.

cn01

„Се изненадив. Бев уверен дека е мртов, тоа ми беше единствената помисла по едно толку долго исчезнување. Сепак, кај целото семејство го имаше оној мал зрак надеж“, вели Стефанн, братот на Антон.

Антон, кој повторно се вратил на своето лекување од шизофренија, пропатувал најмалку десет земји – Канада, САД, Мексико, Гватемала, Костарика, Панама, Колумбија, Венецуела, Аргентина и на крај Бразил.

cn02

Стефан тврди дека сѐ започнало од невообичаената желба на Антон, кој сакал да ја посети Националната библиотека на Аргентина во Буенос Аирес. Во тоа и успеал, но на негова голема несреќа, набргу му наредиле да си замине поради недоволно документи. Својата авантура ја продолжил упатувајќи се кон Бразил, а попат јадел разно овошје, но и претурал по ѓубре во потрага по храна и облека. Пред тоа го ограбиле, а во текот на 800-километарското пешачење по амазонската прашума му отпаднале сите нокти на нозете. Завршил во ментална институција во Бразил, каде што семејството дошло по него. Изгледал целосно запуштено – валкан, неизбричен и изгубен.

an02

„Не се чувствував осамено на патот. Спиев на отворено и размислував за животот. Да се живее е многу едноставно, не ни треба многу за среќа, смета Антон, кој патем не научил ниту шпански, ниту португалски бидејќи и не зборувал многу со луѓето. За негова среќа, ја избегнал и средбата со најголемите опасности во Амазон – пајаци, змии, алигатори, јагуари…

„Среќен сум што сум жив и што добив можност да му се вратам на своето семејство.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено