Канадскиот врховен суд пресуди оралниот секс со животни да биде во согласност со законите, сѐ додека за време на односот не се применува пенетрација. Активистите за авторски права упатуваат тешки критики. Судот пресуди со 7:1 во полза на човек од Британска Колумбија осуден за сексуално злоставување на своите поќерки, кој покрај тоа намачкал путер од кикиритки врз гениталиите на своите жртви и го навел семејното куче да ги лиже, цело време снимајќи го чинот.
„Иако бестијалноста често беше опфатена под терминот содомија, пенетрацијата беше суштината – „определителниот чин“ – на прекршокот“, пресуди судот. „Досега нема никакви најави во парламентарната историја дека е направена некаква суштествена промена во елементите кои го сочинуваат чинот на бестијалност.“
Џастис Розали Абелиа, која единствено се спротивстави на оваа пресуда, вели дека пенетрацијата не би требало да се смета како мерило при дефинирањето на бестијалноста.
„Постапките со животни кои имаат сексуална цел се сами по себе искористувачки, без разлика дали се случува пенетрација или не“, изјави таа.
Групите за заштита на правата на животните истапија со слична изјава.
„Од денес, канадскиот закон им дава на злоупотребувачите на животни право да ги искористуваат животните за постигнување на нивно сопствено сексуално задоволство“, вели Камил Лабчак, извршен директор на организацијата „Права за животните“. „Ова е целосно неприфатливо, спротивно на општествените очекувања, и не може да се дозволи да продолжи.“
Покрај тоа, канадската легислатива деновиве повторно осамна во насловите откако Либералната партија, предводена од премиерот Џастин Трудо, побара затворска казна во времетраење од две години за луѓето кои ќе се осудат за „дискриминација на трансексуалците.“ Со други зборови, секој кој би навредил трансексуалец, што и да се подразбира под изразот „навреди“, би требало да одлежи две години в затвор. Интересни времиња.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!