Возач на камион патува на долга дестинација. Крај патот стопира една Ромка-гатачка. Камионџијата си мисли:
– Да ја качам – ќе сака да ми гледа, ќе ми ја пукне главата. Да не ја качам – може да ме проколне… Ај подобро да ја земам, па нека си зборува.
Застанува. Гатачката се качува и почнува:
– Ех, добар човек си ти! Златно срце носиш, дијамантско… Дај да ти гледам!
– Не! Тоа што поминало – веќе го знам. Тоа што ќе дојде – ќе го дознаам!
– Тогаш три вистини да ти кажам, сакаш?
– Тоа може…
– Првата вистина – месечината свети, но не грее. Вистина ли е?
– Вистина е.
– Втората вистина – Јарецот со брадата не боде. Вистина ли е?
– Вистина е.
– Третата вистина – Жена ти Митра кај соседот Пејо оди!
– Ааа, тоа веќе не е вистина! Нема шанси! Не верувам!
– Ако сакаш веруваш, ако не сакаш – не веруваш…
Си ја завршил работата човекот, се враќа дома, жена му Митра веднаш ја поставува масата, вади шише ракија, салата, го служи – весела, насмеана… Шоферот каснува, пивнува и почнува да ѝ раскажува како му поминал денот и што му кажала гатачката. Ѝ ја кажал првата вистина на Митра и таа веднаш:
– Е да, вистината ти ја кажала!
Ѝ кажал и за втората вистина.
– И тоа е вистина!
– А третата вистина Митро, нема да ти ја кажам!
Проработила женската љубопитност, почнала Митра да мрчи – кажи, та кажи!
– Па, на соседот Пејо му бил еве волку малааалечок.
Жената веднаш:
– Еее, ова не е вистина!