Камионџија кој исчезнал во руралниот дел на Орегон, откако внел погрешни координати на неговиот ГПС, четири дена се обидувал да се врати дома. 22-годишниот, татко на две деца, пешачел 60 километри без храна и вода и успеал да се спаси од руралниот дел од државата.

Џејкоб Картврајт се појавил во близина на градот Ла Гранде, каде што се одржала интензивна потрага со авион откако тој исчезнал во вторникот.

Џејкоб вендаш бил однесен во болница, но според лекарите тој е во добра здравствена состојба. Шефот на Џејкоб, Рој Хенри изјавил дека Џејкоб превезувал чипсови и го заглавил камионот откако се изгубил во рурален дел во кој немало мрежа, а подоцна снемал и батерија на мобилниот телефон.

Камионџијата почнал да пешачи без храна и вода веднаш после полноќ во среда, наидувајќи на снег на одредени места. Тој сам успеал да се врати дома и неговата сопруга која што била да разговара со полицијата за потрагата по него се изненадила кога го видела нејзиниот сопруг дома.

Кога го прашале Џејкоб зошто не земал малку чипс со него за по пат, тој одговорил дека тоа чини пари и дека не сакал да ја оштети стоката. Камионџијата најмногу стравувал дека ќе ја изгуби работата, затоа што морал да се грижи за сопругата и неговите деца од 4 и 2 години.

Неговиот шеф му ветил дека тоа нема да се случи и дека вакви човечки грешки се случуваат и најважно од сѐ е тоа што овој млад човек успеал безбедно да се врати дома.

Сподели на Facebook
пати видено