Еден Русин бил прогласен за мртов откако испил премногу водка и кога се разбудил, се нашол во мртовечница.

И наместо да појде дома да отспие малку по сето тоа пиење, човекот веднаш тргнал назад да им се придружи на своите пријатели. Ова се случило Хасанскиот регион на Русија. Откако премногу испил од алкохолниот пијалок, се онесвестил. Кога дошла брзата помош, го прогласиле мртов, го однеле во локалната мртовечница и го ставиле во фрижидерот, кој бил преполн со мртовци, па наместо на полица, го ставиле на подот. Но, набргу човекот почнал да се освестува и се нашол во за него нова средина.

мт01

Како што пренесуваат локалните медиуми, човекот почнал да тропа по вратата на фрижидерот и да моли за помош, па така чуварот им јавил на докторите. Кога ја отвориле вратата, испаничениот човек истрчал од просторијата, по што бил испрашан од полицијата и пуштен.

Алексеј Стојев, портпарол на полицијата за рускиот весник „Хасанские вести“ го кажал следното: „Таа ноќ локалната мртовечница била полна, телата биле ставани не само на полиците, туку и на подот во фрижидерот на мртовечницата, кадешто бил положен и нашиот ‘мртовец’. Во еден миг, човекот се разбудил и не можел да сфати каде се наоѓа. Било многу мрачно и студено, а и неговиот ум сѐ уште бил поматен од алкохолот. Во темницата почувствувал нечие целосно оладено тело и се стрчал кон врата, но таа била заклучено“.

мт02
Откако се вратил од мртвите, човекот решил да се врати на забавата, која веќе била при крај. Кога еден од неговите пријатели го видел, толку се шокирал што се онесвестил. Но, наместо да ја завршат забавата, пријателите продолжиле да пијат за да го прослават „воскреснувањето“ на нивниот пријател. Дефиниција за луда ноќ.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено