Во последните години милијардерот и филантроп Бил Гејтс го прави Божиќ посебен за некој човек, учествувајќи во иницијативата за расмена на подароци на сајтот Редит наречена „Тајниот Дедо Мраз“. Во размената на подароци учествуваат преку 60 000 членови од 120 држави, вклучително и еден од основачите на Мајкрософт, кој оваа година испрати полна кутија со подароци на адресата на една жена која се вика Ерикс Лорел. Таа го добила пакетот преку Федекс минатиот петок и веднаш потоа на сајтот објавила фотографии од подароците кои ги добила. Еве што добила таа:

Xbox One

pr02

Xbox контролери

pr03

NES Classic Edition

pr04

Неколку DVD-ja

pr05

Чорапи и влечки Зелда

pr06

Влечки во стил на Хари Потер

pr07

Слика со Ерикс, нејзиниот партнер, нивното куче и Бил Гејтс, дело на Фотошоп

pr08

Покрај подароците, во кутијата имало и порака од Гејтс, која гласи:

„Драга Ерикс,

Не можам да поверувам дека твојот „Таен Дедо Мраз“ минатата година те оставил без подарок. За да сум сигурен дека нема да изгубиш верба во Редит заедницата, спакував неколку подароци и се надевам дека ќе ти се допаднат. Има неколку видеоигри и неколку нешта кои ќе те топлат преку зимата, како и три од моите омилени филмови кои би можела да ги изгледаш за време на празниците.

Освен тоа, во твое име дарував на Code.org, со што повеќе студенти ќе имаат шанси да изучуваат компјутерски науки.

Со најубави желби од Сиетл,

Бил Гејтс

Сподели на Facebook
пати видено