Група од 20 студенти од Универзитетот во Ајндховен, Холандија пронајдоа начин како да ги елиминираат недостатоците на двете сегашни алтернативи на обичните автомобили, електричните и хидрогенските. Електричните имаат проблем со ограничениот капацитет и со полнењето на батериите, а хидрогенските со ризикот од експлозија и трошоците за транспорт и чување на гасот. Нивното решение е мравја киселина како гориво и моментално го прават првиот автомобил кој ќе оди на новото гориво. Планираат со него да ја пропатуваат цела Европа за да го промовираат нивното откритие.