Авторот на фотографиите пишува дека, како и обично, се разбудил во утринските часови, отишол во кујната за да го стави ѓезвето на шпоретот и му замирисало на чад. Веднаш ја забележал црната дамка на софата и среќа што дошол на време за да спречи катастрофа.
Огледалото на масата ги фокусирало сончевите зраци во една точка и за влакно не му се запалил станот.