Затворениците од затворот во Бризбејн, Австралија често му спремале „изненадувања“ на Брет Кован кој од 2003 година е осуден на доживотен затвор за педофилија и убиство.
Телото на убиецот е целосно во лузни и изгореници, според новинарите од Австралија, а последниот бунт против него, бил најстрашен, според стражарите.
Кован во 2003 година го киднапирал, силувал и убил момчето Даниел Моркомб и за тоа добил доживотен затвор.
Скоро сите затвореници не го сакале Брет и постојано го напаѓале, а првите сериозни повреди ги добил во 2016 година кога затвореник истурил врела вода врз него, а потоа смирено на стражарот му рекол дека тој го направил тоа и дека не сакал да го убие, туку само да го повреди за да чувствува болка.
Неодамна затворениците предизвикале масовни немири против убиецот на дете, напаѓајќи го со врел џем, тостер и наострени рачки од метли.
Кога почнал бунтот Кован бил во дворот за вежбање. Тој го преживеал нападот и сега е префрлен во во единица за заштита во Волстонскиот поправен центар, кој е исполнет со убијци и сексуални престапници.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!