За надворешниот свет, Дон Вајт-Принс уживала во 13-годишен со нејзиниот маж Филип. Сепак, зад спалната соба се одвивала поинаква приказна. 49-годишната жена може да изброи на една рака колку пати воделе љубов во последните осум години со нејзиниот сопруг.

sx01

„Многу луѓе би претпоставиле дека вообичаено жените се тие кои избегнуваат да спијат со нивните мажи“, вели Дон од Плимут. „И се разбира, кој не би се насмеал на старото клише ‘не денес, драги’? Но, кога би биле во моја кожа, не би се смееле. Јас сум сочувствителна и давам се’ од себе нашиот брак да успее, но не можам да одречам дека не беше лесно да се живее без секс уште од 2008 година.“

Писателката Дон се запознала со морскиот научник Филип (43 години) кога биле во нивните дваесетти. Според Дон, во тоа време биле како и сите млади и уживале во сексот со бројни партнери. Во 2000 година сфатиле дека сакаат да бидат нешто повеќе од само добри пријатели.

„Тој беше умен, смешен и крајно внимателен“, се присетува Дон. „Штом станавме двојка, животот едноставно беше фантастичен бидејќи не само што бевме добри другари – имавме и неверојатен сексуален живот. Набргу сфативме дека сме си судени еден за друг и се венчавме во 2003“.

sx02

За жал, непларината бременост во 2006 година завршила со пометнување. Тогаш решиле дека веќе не сакаат да имаат деца. Филип се подложил на вазектомија и потоа и двајцата се сосредоточиле на нивните кариери.

„Животот беше стресен. Јас бев самовработена консултантка, а Филип работеше анализа на податоци и наскоро неделите со 70 часа работа станаа норма“, се присетува Дон. „Потоа во 2008 година се случи рецесијата. Филип беше прогласен за технолошки вишок, а исто така ги загубивме и сите заштеди. Бевме под голем стрес во врска со нашата финансиска иднина и така сексот се најде во заден план. Немојте да ме разберете погрешно – се уште имавме чувства еден кон друг – но бевме повеќе загрижени да не ја загубиме нашата куќа отколку за романсата.“

sx03

Во 2010 им олеснало кога дознале дека сепак нема да го изгубат нивниот дом. Филип пак се вратил на факултет на постдипломски студии.

„Како што животот се враќаше во нормала, претпоставував дека и сексуалниот живот ќе стане нормален. Но, не се случи тоа. Мене ми се врати сексуалниот нагон, но не и на Филип. Се обидов со сите мои тактики за заведување, но Филип едноставно не можеше да задржи ерекција и имаше нула заинтересираност за секс. За среќа, секогаш можевме да разговараме за се’ и сешто, па така имавме долги дискусии во врска со тоа. Не дека имаше многу што да се каже. Тој ме убедуваше дека ги има истите чувства за мене што ги имал отсекогаш и дека сака да има секс со мене. Но ете, не може од телесна гледна точка. Најиронично во сето тоа е што во поглед на останатите нешта, нашиот беше совршен како од книга. Немаше никој од страна, никаква афера. Филип отсекогаш бил романтичен. Ми купуваше цвеќиња секоја недела и секогаш ми носи подароци.“

sx04

Но, сега кога Филип ја стекнал својата магистерска диплома и работи како морски научник проучувајќи ги новите видови бранувања, често отсуствува од дома, понекогаш и по цел месец.“

„Секогаш кога ќе се вратеше, се надевав дека ќе се стрчавме во прегратка, но во реалноста тој беше истоштен и ни требаше време да се навикнеме еден на друг по долгата разделба.“

Кога дошла и 2012, Филип решил да се провери дали со него е се’ во ред на телесен план. Но, иако докторот му кажал дека со неговото здравје се’ е во ред, од неговата ординација ги испратил смеејќи им се, и не сакајќи да ги сфати сериозно. Со оглед на тоа што порано имале сексуален однос најмалку неколку пати неделно и сакале пак да се вратат на тоа, решиле да побараат и второ мислење.

„Вториот доктор не’ сфати малку посериозно. Изврши тестирања за да го провери нивото на тестостерон на Филип и тестовите покажаа дека се’ е во ред. Но, тоа уште повеќе ги влоши нештата. Што требаше да се прави следно? Ако погледнете на интернет, секој продава се’ и сешто што е наводно лек, можете да потрошите илјадници фунти и пак да не ви биде подобро. Во текот на тие последни осум години, брачниот пар продолжил да ужива во нивната врска како и сите други парови – но, сепак врска без секс.

„Бевме интимни на други начини“, вели Дон. „Се капевме заедно и имавмеромантични вечери со убава храна и шише вино. Но, сакам да ни се врати сексуалниот живот. Тоа е важен дел од секоја врска и ние нема да се откажеме од тоа. И покрај се’, никогаш не помислив да го оставам Филип. Се’ уште го сакам, тој ми е најдобар пријател и ништо нема да го измени тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено