Жените од разни земји од светот кажуваат како ги казнуваат мажите кога ќе ги фатат на дело:
Американката:
– При првото неверство – го казнувам 1000 $, при второ неверство – 5000 $, а при трето – развод! Што ќе ми е маж без пари!
Французинката:
– При првото неверство – и јас си наоѓам љубовник! Ако го фатам пак – си наоѓам двајца! При третиот негово неверство – развод! Нема заради еден маж да станувам проститутка!
Русинката:
– Ако го фатам како ме изневерува – го пријавувам лично во Локалниот комитет на партијата! Ако го фатам пак – го пријавувам во Окружниот комитет! При третото неверство – развод! Што ќе ми е маж и без партија и без работа!
Македонката:
– Како што ве слушам – многу ги галите тие мажи! Мојот ако го фатам прв пат, го фаќам за онаа работа, го ставам на трупот и со секирата – мавам! На половина!
Другите ја гледаат со ужас…
– А, ако го фатиш и втор пат? – Прашуваат.
– На трупот! Од останатото – половина! Фрас!
Повторно другите зачудено ја гледаат…
– А, при третото неверство? – Прашуваат повторно.
– Трето неверство нема! Која ќе легне со маж со алат од 10 см?